„Почнав да пијам затоа што се чувствував заробен“: Бен Афлек за прв пат проговори за бракот со Гарнер

ИЗВОРНов Лист
|

Бен Афлек и Џенифер Лопез ја обновија врската по 19 години, а актерот се потсети и на бракот со Џенифер Гарнер во кој, како што вели, се чувствувал заробен. Тврди дека бракот го задушил, дека поради тоа пиел многу алкохол.

„Почнав да пијам затоа што се чувствував заробен. Мислев дека не можам да заминам поради моите деца, но не бев среќен и не знаев што да правам. Потоа зедов шише виски, испив и заспав на каучот. Меѓутоа, се покажа дека ниту тоа не е решението“, изјави Бен.

„На крајот, се обидов и се трудев затоа што имав деца, но и двајцата знаевме дека тоа не е модел на брак во кој сакаме нашите деца да пораснат.

Бен и Џенифер останаа пријатели по разводот, а она за што актерот најмногу се грижи е среќата на нивните три деца.

“Нашите животи влијаат на нив бидејќи ние сме две познати личности. Тешко е, мораме да го носиме тој товар. Дадовме се од себе, но нашиот брак не ни успеа. “, рекол Афлек.