Пицата направена дома, покрај целиот труд и најдобрите рецепти никогаш не е иста како онаа од пицерија. Тајната на оргиналната пица не се крие само во рецептот ни во состојките, а се работи за едноставен трик кој ја имитира функцијата на професионалната печка за пица.
Тајната на пицата која ја нарачувате во пицерија е печката која развива температура од 400 степени што е невозможно да се постигне во домашни услови.
Всушност возможно е, но ќе морате да се послужите со еден трик и така ќе развиете повисока температура.
За целта ќе ви биде потребно парче гранит кој одговара на димензиите на рерната. Каменот се става и се загрева во рерната претходно, а пицата се пече на највисока температура во претходно добри загреана рерна околу 10 до 15 минути.
Ако употребите гранитна плоча и вие ќе правите пици како од пицерија. Доброто тесто е исто така една од тајните на оргиналната пица.
Ова е рецептот што ние ви го препорачуваме:
Состојки: 70% глатко брашно, 30% остро брашно или тип 850 (го има во поголемите маркети). На количината шеќер, дупла количина сол, Млеко, Свеж или сув квасец, Вода на собна температура, Маслиново масло. Направете го тестото и од него направете топка која треба да отстои 1-3 часа.
Тестото се развлекува равномерно.
Ако тестото го покриете со многу намирници, никогаш нема добро да се испече и ќе биде влажно и лигаво, а со тоа се губи и квалитетот на пицата.
На крај, врз топлата пица капнете неколку капни маслиново масло за да го добие карактеристичниот оргинален италијански мирис.