Лепа Брена како вино – Фолк ѕвездата ужива на одмор со сопругот во Тајланд

ИЗВОРНов Лист
|

Најголемата југословенска фолк ѕвезда Лепа Брена, замина на одмор, сега веќе традиционално, во Тајланд.

Таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ слават 30 години брак во Пукет, поточно на островот Кох Рача Џаи.

Додека ужива во тајландската кујна навечер, Брена дење ужива на плаж со бел песок и кристално чиста вода.

На Инстаграм објави фотографија во едноделен костим за капење во лежалка, а многумина коментираа дека и во седмата деценија изгледа како девојче, и дека е како вино – колку постара, толку подобра.