Овен (21.03 – 20.04)
Сте ги прифатиле обврските за кои немате доволно капацитет. Премногу информации ви предизвикуваат стрес поради кој ќе станете убедливо расеани. Пред да направите непоправлива грешка, побарајте помош од соработниците.
Бик (21.04 – 21.05)
Концентрацијта не ви е на завидно ниво. Главно размислувате за уживање со саканото лице и егзотично патување. Спуштете се малку од облаците, започнете со извршувањето на работните задачи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Може да ви се случи од вас да излезе некоја тајна информација која некој ќе се обиде да ја злоупотреби против вас. Нема да ви биде лесно да се извадите, па затоа во овој момент е најдобро да премолчите. Во љубовта исто така, внимавајте што зборувате.
Рак (22.06 – 22.07)
Обврските од вас бараат концентрација и полн ментален ангажман. Ве фрустрира судирот меѓу должностите кон другите и потребите да си угодите самите на себе. Ќе пронајдете задоволство во работата.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве измачува минатото и добар дел од денот ќе го поминете во преиспитување на се за што сте можеле да постапите поинаку. Завртете се кон блиските и послушајте што тие имаат да ви кажат.
Девица (23.08 – 22.09)
Ви претстојат пијатни деловни разговори. Иако во тајност повлекувате некои потези, вашиот труд и залагање на работното место не поминале незабележано. Наскоро ќе бидете наградени.
Вага (23.09 – 22.10)
Ве обзема купувачката грозница бидејќи се ближат празниците кои на вас ви се омилени. Нестабилната финансиската ситуација ве растажува, сфаќате дека немате доволно пари за на сите да им подготвите изненадувања. Не споделувајте го вашето нерасположение, обидете се поинаку да размислувате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Една женска личност може да одигра значајна улога во ублажувањето на непремостливите разлики во мислењето меѓу членовите на вашето семејство. Ова подобрување на расположението ќе ја поврати вашата раздрмана самодоверба.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можете да дојдете во искушение да се откажете од идеите во кои и понатака силно верувате. Недоразбирањето меѓу домашните и недостатокот на средства не се доволна причина да се откажете од своите планови. Помошта ќе ја најдете близу до себе.
Јарец (22.12 – 20.01)
Иако се ви делува ветувачки, денот не е поволен за договори и било какви трансфери. Одложете ги на кратко бидејќи ако сега започнете нови преговри можно е да ви се случат големи компликации.
Водолија (21.01 – 19.02)
Емотивно сте напнати па денешните аспекти ви отежнуваат да го сочувате мирот. Саканото лице со кратките коментари дополнително ќе ве изнервира. Не ставајте се при срце, олабавете малку.
Риби (20.02 – 20.03)
Во љубовниот однос сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде сериозен причинител на расправии.