Во оваа земја забрането е возење во зимска јакна – казната е и до 200 евра

|

Веројатно нема да ви се верува, но доколку возите во капут или во зимска јакна во Шпанија, ве очекуваат високи казни до 200 евра.

Иако изгледа чудно, сепак ова правило има логика а тоа е дека зимската јакна ве ограничува во возењето, односно ги лимитира вашите движења при управувањето со воланот. Таму истото правило важи и ако на себе имате шал или ракавици, пишува ревијата ХАК.

Тестовите на Германскиот автоклуб (ADAC) покажале дека со зимската јакна можете да имате друг тип на проблеми. Таа ќе го оневозможи правилното затегнување на сигурносниот појас кој може да се лизне преку стомакот и да ги повреди цревата, црниот дроб или панкреасот.