Познат распоредот на натпревари на Македонија во Лигата на нации

|

Македонската фудбалска репрезентација вчера ги доби своите противници во Лигата на нации, а од денеска е познат и распоредот на натпреварите.

Во јуни 2022 година на програмата се дури четири кола од натпреварувањето, а нашата селекција започнува со носителот во групата, Бугарија и тоа на гостински терен на 2 јуни. Три дена подоцна имаме уште едно гостувањето кај аутсајдерот Гибралтар, а следните два натпревари ги играме на домашен терен со Грузија на 9.јуни и Гибралтар на 12-ти. Во ептемврискиот циклус, во последните две рунди, на 23.септември гостуваме кај Грузија и завршуваме на 26-ти со Бугарија во Скопје.

Освојувањето на првото место во групата ќе ни донесе прогрес во поквалитетната Лига Б. УЕФА засега нема објавено дали првопласираните репрезентации ќе играат и бараж за пласман на Европското првенство во 2024 година.