ССМ бара минимална плата од 18.000 денари со цел да се покријат животните трошоци по нова година

ИЗВОРНов Лист
|

Според предлогот доставен до Собранието и до Министерството за труд и социјална политика од страна нан ССМ, се бара минималната плата да изнесува 18.000 денари. ССМ бара и висината на минималната плата да не биде пониска од 60 отсто од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, како и спирално зголемување на сите останати плати во државата.

– ССМ секој месец ја пресметува синдикална минимална кошница во која се опфатени производите и услугите кои се најнеопходни за егзистенција на едно семејство. Гледајќи го порастот на цените на услугите и производите на пазарот кои се од витално значење за нормалниот живот, разговаравме дека не може да чекаме до март кога согласно закон се врши усогласување на минималната плата. Имавме енормно зголемување на храната, средствата за хигиена и на горивата и врз основа на нашите пресметки и нашата интенција минималната плата да биде 60 отсто од просечно исплатената плата, направивме пресметка која покажа дека минималната плата треба да биде 18.000 денари, вели во изјава за МИА генералниот секретар на ССМ Златко Цветковски.

Според последните податоци за синдикалната минимална кошница во октомври е зголемена за 200 денари во однос на септември. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната кошничка во октомври изнесувала 34.584 денари. Најголем процент од месечните трошоци одат за храна и за режиски трошоци.