Овен (21.03 – 20.04)
Потрудете се да не ги пренесувате приватните проблеми на работа. На средбата со саканото лице не можете само вие да ги диктирате сите љубовни правила. Не заборавајте дека е убаво само она што одговара на заедничкиот вкус и расположение.
Бик (21.04 – 21.05)
Добро влијаете на позитивната атмосфера на работа. Само така продолжете. Мислите дека саканото лице не ве разбира доволно. Позборувајте поискрено за тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Избегнувајте ги ситуациите кои го надминуваат вашето знаење или практичното искуство. Не се истакнувајте баш секогаш. Немате причина наивно да верувате во сите ветувања на партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Можен е мал судир со личност која е на повисока позиција од вас. Премногу го анализирате саканото лице. Во се му пронаоѓате маани. Обидете се да се опуштите малку.
Лав (23.07 – 22.08)
Премногу ги разгледувате и анализирате вашите деловни планови и интензивно размислувате за работите кои не ви се достапни. Не треба да се оптеретувате со различни критериуми.
Девица (23.08 – 22.09)
Премногу зборувате а малку нешта ги спроведувате во дела. Престанете тоа да го правите. Имате чувство дека некои работи со саканото лице се повторуваат, како однапред изразена претстава.
Вага (23.09 – 22.10)
Бидете внимателни и претпазливо повлекувајте ги следните чекори. Не им верувајте на сите од вашата околина, некој на повисока позиција ќе се обиде да ве измами. Во врската обидете се да внесете доза на мистичност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Потсетете ги своите соработници на основните правила за професионално однесување и не дозволувајте за вас да се говори на погрешен начин.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се би било полесно кога не би постоела голема неизвесност на средбата со соработниците. Избегнувајте претерано предомислување во однесувањето. Во љубовта нема потреба да се наметнувате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Упорно ја одбивате помислата за прекин на некоја деловна соработка. Не сакате јавно да ги признаете вашите грешки. Во љубовта морате да го прифатите фактот дека немате исти интереси како и саканото лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вашата предност е во тоа што избегнувате стереотипи во деловното истражување. Вашите идеи звучат поинтересно од решенијата кои ги нудат соработниците. Саканото лице покажува некои нови позитивни импулси.
Риби (20.02 – 20.03)
Доколку ви е важно да остварите деловен успех, бидете подготвени на заеднички компромиси. Личноста која ја сакате морате да ја разбрете и тогаш кога греши.