Новата година е идеално време за нов почеток и нови можности. Проверете во продолжение како универзумот ќе им биде наклонет на хороскопските знаци во јануари.
Овен
На љубовен план, месецот ќе ви биде прилично исполнет. Благодарение на влијанието на Марс, ќе добиете енергија што ќе ви овозможи полесно да ги донесете новогодишните одлуки. Ќе добиете онолку љубов колку што ќе им подарите на другите. Огромните познавања од областа на технологијата ќе ви помогнат да го зацврстите вашиот бизнис. Ретроградниот Меркур ќе ве поттикне да се обидете да ја постигнете онаа висока позиција која отсекогаш сте ја посакувале, а тоа можете да го остварите само доколку добро ги испланирате потезите. Вклучете лесни вежби во вашата дневна рутина за да останете во форма.
Бик
Вашата вистинска љубов секогаш ќе биде со вас, без разлика дали сте среќни или тажни. Продолжете да ја градите љубовта што ја имате со вашата сродна душа и не ги занемарувајте моментите на нежност. Во овој период ќе почнете посериозно да размислувате за сопствената финансиска состојба и големи се шансите да ви биде понудено унапредување на работа, или да добиете подобро работно место. Во јануари, Уран ќе влијае поволно врз вашата креативност, па можете да ја искористите за ваш личен развој или за развој на вашиот бизнис. Не заборавајте да внесувате повеќе вода во организмот.
Близнаци
Обратете внимание на начинот на кој се однесувате со другите луѓе. Доколку некој е посебен за вас, тогаш обидете се да ја задржите таа врска. Престанете да ги трошите финансиите на работи кои не ви се потребни. На професионален план, астролозите ви предвидуваат нови ангажмани овој месец. Во овој период исто така ќе запознаете нови луѓе кои ќе ве научат на нови вештини. Секогаш бидете подготвени да научите нови работи и побарајте помош доколку работите ви се нејасни. Само со јасен фокус и напорна работа ќе ги постигнете вашите цели. најдете хоби кое ќе го подобри вашето расположение.
Рак
Понудете му пријателство, поддршка и љубов на вашиот партнер. Само така ќе бидат подобрени вашите односи. Во периодот што доаѓа нема да сте доволно објективни за да ги решавате значајните проблеми, затоа подобро би било првин да почекате. Воздржете се од непотребни трошоци бидејќи ве очекува тешка финансиска состојба. Обидете се да соберете храброст и да ја споделите вашата идеја на работа. Јупитер ќе ги исполни вашите желби за промена и развој. Од друга страна, ќе морате да се справите со барањата на претпоставените или колегите. Внатрешниот мир ќе си го повратите благодарение на креативноста.
Лав
На љубовен план, астролозите ви предвидуваат дека во јануари ќе ја сретнете вашата сродна душа. Доколку сте во брак, ова ќе биде идеално време за зацврстување на односите со сопружникот. Јануари ќе ви донесе и нови перспективи во заедничкиот живот: преселба, нови проекти, семејство, кои ќе ги сменат вашите досегашни приоритети. Можно е да започнете нов бизнис. Сепак, важно е да сфатите дека работите нема во брзо време да дојдат на свое место. Фокусирајте на развојот на сопствената кариера и не плашете се да преземате ризици. Само така ќе постигнете напредок на професионален план.
Девица
Кога станува збор за љубовните врски, ќе имате некакви нејасни чувства што ќе влијаат врз вашиот однос со партнерот. Затоа, не одбегнувајте ја можноста за комуникација и зборувајте за работите што ве мачат, но и соочете се со вашите стравови. Можете да побарате совет од членовите на вашето семејство или пријателите. Големи се шансите за покачување на платата како и подобрување на вашата финансиска состојба, што од друга страна може да ви отвори нови врати. Обидете се да се приспособите на новите идеи и концепти и да ги гледате работите во позитивно светло.
Вага
Љубовта ќе ги надмине сите недоразбирања во вашата врска. Ќе ви помогне да научите како да го слушате партнерот. Добрата комуникација секогаш може да ги подобри работите меѓу вас и вашиот партнер. Импулсивните навики за трошење можат негативно да се одразат врз вашиот џеб. Затоа, најдете си некакво хоби кое нема да ве чини ништо, но и ќе ви помогне да се опуштите. Овој месец ќе имате можност да го унапредите личниот развој.
Скорпија
Овој период ќе наидете на голема поддршка од семејството. Бидете подготвени да ја споделите љубовта со луѓето кои ве сакаат. Тие секогаш ќе бидат тука за вас, подготвени да ви дадат искрен совет. Нова љубов ќе влезе во вашиот живот, а вам не ви преостанува ништо друго освен да уживате. Не ги занемарувајте трошоците и водете сметка за нив. Можеби ќе ви се чини тежок развојот на кариерата, а работата рутинска, но тоа не значи дека ќе останете без пари овој месец. Најдете пријател со кој можете да разговарате и да одите на прошетка. Сето ова ќе влијае поволно врз вашето ментално здравје.
Стрелец
Досега учевте важни лекции кои ви помогнаа да ја одржите вашата љубовна врска. Во јануари ќе дојде до пресврт на вашиот вообичаен начин на изразување љубов кон саканите. Обидете се со нови работи кои ќе ви помогнат да се чувствувате поблиски со нив. Оние кои се во брак ќе размислуваат за убави промени како преселба или проширување на семејството. Во овој период ќе наидете и на финансиски ограничувања поради многуте нови обврски, па затоа време е да научите како најдобро да го распределите вашиот буџет. Пред да ги одбиете можните деловни понуди, размислете за финансиските придобивки, а потоа донесете одлука.
Јарец
Не дозволувајте љубомората да ја наруши хармонијата на вашата љубовна врска. Најдобар начин да покажете љубов кон вашиот партнер е да се обидете да го разберете. Искрениот разговор може да биде решение за сите проблеми. Имате безброј можности кога станува збор за она што сакате да го постигнете во животот, па така не мора цел живот да се ограничувате себеси и да работите во иста компанија. Можно е унапредување или промена на работното место. Сето тоа ќе биде возможно само доколку си поставувате цели и се трудите да ги постигнете. Овој период ќе имате можности да ги развиете и вашите лидерски вештини кои ќе ви бидат корисни, особено на работа.
Водолија
Посветете повеќе време на вашата љубовна врска. Немојте да бидете водени само од страстите, туку покажете му на партнерот дека го разбирате. Имате можности да ја подобрите финансиската состојба како и вашиот начин на живот. Затоа подобро организирајте го своето време и размислете за својата иднина. Доколку навреме откриете кои се вашите интереси, тоа ќе ви помогне да ги направите вистинските избори во вистинско време.
Риби
Имајте на ум дека љубовта што ја споделувате со другите е безусловна и не подлежи на никакви уценувања. Ако не сте во врска, не брзајте да се враќате во животот на оние кои претходно ве повредиле само затоа што ви недостигаат. Не ви се потребни токсични луѓе. Наместо тоа, фокусирајте се како да го проширите бизнисот на нови пазари и како да ги зголемите вашите финансии. Од особена важност е да се насочите кон нешто за кое чувствувате страст бидејќи тоа ќе ви помогне да дадете сè од себе и да се фокусирате на успехот. Можете дури и да ја претворите страста во сериозен бизнис!