Владата одлучи: Настани ќе може да следат само новинари со сертификати или пак оние кои ја прележале болеста

|

Владата на вчерашната седница го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиско присуство, со измени кои се однесуваат за следење на настани на отворено и затворено од страна на медиумите и медиумските работници.

Измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.

-Задолжително е поседување на сертификат за примени две дози и или потврда за прележана болест не постара од 45 дена од денот на прележувањето, соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.