Портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека како што беше и најавено оставката на Зоран Заев од функцијата премиер, ќе биде депонирана по завршувањето на годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Во партијата веќе се одржаа избори и на местото на Заев, дојде заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевки, кој се очекува да биде и новиот мандатар.
Оставката треба да ја констатира претседателот на Собранието, Талат Џафери, а според собраниски извори, тој тоа ќе го стори утре пред седницата за пратенички прашања.
Претседателот на државата по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.