Капутот на Цеца ги остави сите без зборови: Цената како солиден автомобил (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Светлана Цеца Ражнатовиќ сними новогодишни програми за неколку телевизии, а кога се појави на снимањето на продукцијата „Гранд“ сите останаа без зборови.

Цеца реши да ја подигне косата во висока, елегантна пунџа, а најголемо внимание привлече сивиот капут на светскиот бренд „Louis Vuitton“, кој пејачката го облече преку свечен, краток фустан од локален дизајнер.

Пократкото палто со препознатливото лого на овој бренд го привлече вниманието на сите присутни поради својот изглед, но и цената. Имено, според веб-страницата на оваа модна куќа, вредноста на ова парче облека оди до 5.332 евра.

Да потсетиме, Цеца за прв пат ќе ја дочека Новата година неработно, бидејќи на дочекот требаше да настапи во Црна Гора, но поради состојбата нема да има концерти.