Плата: 29.662 денари: Оглас за вработување во ЈП Службен весник

|

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 698/2021

за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија за следните работни места

1. ИНФ0102Г01005 Самостоен референт – архивар – документарист, Одделение за управување со човечки ресурси и општи работи, Сектор за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката Општи работни компетенции – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Дополнителни услови – Сертификат за завршена обука на програма за архивско работење Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 08:00 до 16:00 – Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 08:00 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 16:00 и 16:30 часот Паричен нето износ на плата: 29.662,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Албанец(ка) 1.

Целиот оглас е на ЛИНКОТ