Грција ги откажа јавните прослави за Божиќ и Нова Година

|

Грција ги забрани јавните прослави по повод Божиќ и Нова година и нареди носење маски на отворено за да се спречи ширењето на новиот сојот, изјави денеска грчкиот министер за здравство Танос Плеврис.

Мерките ќе стапат на сила од утре наутро, а граѓаните ќе мора да носат две маски или маски кои обезбедуваат висока заштита во јавниот превоз и во супермаркетите, јавува Ројтерс.