Јапонски професор развил прототип на ТВ екран кој ќе можете да го лижете и ќе ги почувствувате вкусовите на храната, што е еден чекор понапред кон остварувањето на мултисензорното искуство на гледање.
Уредот наречен Taste the TV има 10 канистри со вкусови, кои во комбинација создаваат вкус на одредена храна. Примерокот за вкус потоа се тркала на хигиенска фолија преку рамен ТВ екран за да може гледачот да проба.
Во ера на Ковид-19 овој вид на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, рекол Хомеи Мијашита, професор на Универзитетот Меији во Токио.
“Целта е да им се овозможи на луѓето да доживеат искуство на јадење во ресторан на другиот крај од светот, дури и ако се дома”, рекол тој.
Мијашата е во преговори со компании во врска со користењето на технологијата за прскање на уреди кои можат да го применат вкусот на пица или чоколадо на кришка леб.