Гужва на Табановце, се чека со часови за влез во земјава

|

Редици автомобили долги по два километри се создадоа попладнето и вечерва на граничниот премин Табановце кон Србија, објави Алсат.

Автобусите чекаат од три до пет часа за да ја минат границата, а патниците, кои главно се враќаат во Македонија за новогодишните празници, се револтирани, пишува Алсат.

Според дел од патниците, има и автобуси кои поминуваат веднаш, без чекање, додека некои чекаат со часови. Гужвата почнала да се создава околу пладне и оттогаш само се влошува, велат патниците.