Бендот Coldplay го најави последниот албум во кариерата

ИЗВОРНов Лист
|

Британскиот бенд Coldplay ќе го објави својот последен албум во 2025 година.

Пејачот на бендот Крис Мартин во интервју за странските медиуми изјави дека бендот ќе го издаде својот последен музички албум во 2025 година, а потоа ќе одржува само концерти.

Тој додаде дека е можно да соработуваат со други на некои песни.

„Сепак, Coldplay ќе го издадат својот последен албум во 2025 година“, рече Мартин.

Колдплеј е британски рок бенд основан во 1996 година во Лондон. Групата ја сочинуваат пејачот и пијанист Крис Мартин, гитаристот Џони Бакланд, басистот Гај Беримен и тапанарот Вил Чемпион.

Четворицата се запознале на универзитетскиот колеџ во Лондон и почнале да свират заедно во 1996 година. Имаат издадено осум студиски албуми. Тие се повеќекратни добитници на наградата Брит и Греми.