Ќерката на Дино Дворник го прослави роденденот и испрати важна порака до младите

ИЗВОРНов Лист
|

Ела Дворник, ќерката на Дино Дворник и позната блогерка, денеска го прослави својот 31 роденден и по тој повод испрати важна порака до сите млади кои ја следат на социјалните мрежи.

Имено, таа спомена колку нејзиниот живот се променил на подобро во изминатите неколку години.

„Сите го кажуваат тоа, а ние не им веруваме – дваесетите беа кул, но тие во никој случај не се врв во нашите животи. Да знаев на 21 колку ќе бидам добра на 31, немаше да славам 21 како да е крај на светот. Па, не знам што друго да кажам, но ако сте во дваесеттите и сте исплашени, не грижете се, најдоброто допрва доаѓа“, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Да потсетиме, Ела постигна регионална слава кога почна да споделува совети и детали од нејзиниот живот преку социјалните мрежи, а следбениците во голема мера го следеа нејзиниот пат и развој од бунтовен тинејџер до мажена жена со две деца.

Во 2019 година се омажи за 15 години постариот Американец Чарлс Пирс, а набрзо станаа родители на две ќерки – Бејли и Луми.