Доколку сеуште се мислите што вкусно да направите за јадење за денешниот доручек, бо продолжение ви претставуваме рецепт за превкусна кајгана која со сигурно сè уште не сте ја пробале ваква.
Ако мислевте дека ги знаете сите можни начини за подготвување на јајца, сте се излажале.
Што мислите за правење кајгана без да ја скршите лушпата од јајцето?
Работата во суштина е едноставна, земете свежо јајце, завиткајте го прво во пластична кеса за замрзнување, па ставете го во ракавот на дуксер или чорап, врзете го со гумени ленти од двете страни за да не испадне и енергично протресете го неколку пати.
И тоа е се – потоа ставете го јајцето да се вари и кога конечно ќе го излупите, внатре ве чека кајгана.
Едноставно зар не?
Погледнете го видеото со упатства: