Жељко Самарџиќ беше препознатлив по имиџот и изгледот на Дедо Мраз, а пејачот сега направи шокантна промена поради спотот за неговата нова песна.
Жељко Самарџиќ вчера објави нова песна наречена „Извини ако многу барам“. Поради спотот за оваа песна, Жељко го смени личниот опис, а многумина се запрашаа дали навистина е тој во спотот. Тој повеќе не личи на Дедо Мраз, а го нема неговиот заштитен знак, брада или мустаќи.
– Драги мои, од денеска уживајте во мојата нова песна „Извини ако многу барам“. Станува збор за „зимска балада“ која одлично се вклопува со овие празници. Мириса на варено вино и секако, како и во повеќето мои песни, љубов. Автори се Драган Брајовиќ Браја и Мирослав Столица. Спотот го снимавме на Мокра Гора, официјално најубавото село на светот, токму на денот кога беше прогласена оваа престижна награда. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на момците кои дадоа се од себе за оваа прекрасна песна да и дадат подеднакво убаво видео, а тоа се Драган Тодоровиќ Зеко, Новак Кнежиќ, Милиќ Јовановиќ и Славко Гариќ. Благодарност и до нашиот Профи за нивната добрина и корисни совети – напиша Жељко Самарџиќ на својот Фејсбук профил.
– Ги избричив брадата и мустаќите за повеќе да не личам на Дедо Мраз, но еве, со оваа песна за подарок на сите им посакувам среќна Нова година и сите претстојни празници, да им се исполнат сите желби, планови и да покажеме насмевки што е можно поскоро.