Го најавува ли своето заминување и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од актуелната функција прв полицаец. Тој во вчерашниот магазин на ТВ21 Клик плус рече дека ќе замине од потпретседателката функција во СДСМ, а со тоа многу е веројатно дека нема да биде ниту во новиот владин кабинет. Сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим на СДСМ, изборот ќе го направи самиот Ковачевски, рече Спасовски.
„Тој избор сепак треба да го направи од можеби нови луѓе, затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим. Сепак треба можеби други луѓе, нови луѓе. Кога зборуваме за нови луѓе не мислам за луѓе кои што не растеле, не се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои што имаат може и повеќе енергија и една поинаква визија, а ние ќе бидеме секако тука, рамо до рамо да помогнеме“, истакна Оливер Спасовски.
Заминувањата од Владата досега го најавија и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во мај годинава се откажа и од партиските функции, потоа министерот за здравство Венко Филипче, за образование Мила Царовска, а се погласни се најавите дека во новиот кабинет или нема да бидат или ќе ротираат на други позиции и другите министри кои се од редовите на СДСМ. Но ако се познати тие што заминуваат, многу малку протекуваат информации за тоа кој ќе ги наследи.
Целиот текст прочитајте го на ТВ21 со клик ТУКА.