Жељко Самарџиќ замина во пензија

|

Жељко Самарџиќ на прашањето како се справува со ситуацијата со болеста во која сме сите вели:

– Размислував за периодот кога годините ќе ми дозволуваат да пеам се помалку и помалку, тоа време се совпадна со пан*емијата. Јас сум пензионер од октомври, имам пензија која ми е доволна. Јас и мојата сопруга Маја немаме некои посебни желби. Живееме скромен живот, но достоен за сите кои живеат пристојно, што би сакал да им го посакам на сите. – истакна пејачот.

Пејачот откри и зошто ги нема неговите автентични мустаќи.

– Супер беа, но ми направија неколку инфекции на лицето, па морав да направам мала пауза од нив. Дури кога ги избричив, сфатив колку години ги имам – низ смеа рече и продолжи:

– Никогаш не се знае, можеби ќе ги вратам, а можеби ќе направиме нов имиџ за некој од следните албуми – истакнува пејачот за српски Курир.