Времето денес променливо облачно со сончеви периоди, вдолж Повардарието со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Слаба магла ќе се задржи преку целиот ден. T= 7 °C, P= 980 hPa, U= 53 %, V= 2 m/s.
Утре не очекува претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во понеделник облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.