Поскапувањето нема да биде во високи проценти како што некои сеат страв меѓу народот, a рестрикции нема да има, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за МИА.
-Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам. Знам дека како Влада се што беше во наша моќ сторивме за да се осигура дека поскапувањето евентуално по 1 јануари не биде големо како што некои навестуваат. Јас гарантирам дека нема да биде како што некои сакаат да сеат страв кај граѓаните. И ќе продолжиме да инвестираме во обновливи извори на енергија, истакна вицепремиерот Битиќи.
За ранливите категории на граѓани ќе бидат обезбедени ваучери за енергетски додаток и ќе се прошири целната група.
Во меѓувреме, Државниот завод за статистика ја објави потрошувачката на енергија и енергенси за месец октомври 2020-тата.
-Во октомври 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 595 653 МWh електрична енергија, 45 762 мил. нм3 природен гас, 336 109 тони јаглен и 98 364 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71.9 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.1 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, стои во соопштението на статистика.