Група еколошки активисти и жители на повеќе населени места од југоисточна Македонија денеска пред скопскиот Управен суд протестираа барајќи конечно судот да ги реши дилемите и да ја потврди забраната за изградба на рудникот Иловица.
Канадскиот инвеститор досега исполнил два од 9-те критериуми за да му се дозволи изградба на рудникот, но судовите не одлучуваат навреме што може да предизвика судири меѓу населението, алармираа демонстрантите пред судот.