НОРАД со сателити го “следи” патувањето на Дедо Мраз

ИЗВОРТелма
|

НОРАД, американската воена агенција која го брани небото над Северна Америка, продолжува со својата традиција за следење на божикното патување на Дедо Мраз со кое ги разделува подароците ширум светот.

НОРАД им овозможи на американците но и луѓетот од целиот свет да го следат глобалното патување на Дедо Мраз преку вебсајтот норадсанта точка орг, социјалните медиуми , како и мобилната телефонска апликација.

Исто така ангажирани се и стотици волонтери кои одговараат на телефонските повици од децата кои сакаат да знаат каде се наоѓа Дедо Мраз и кога може да го очекуваат својот подарок.

Меѓу нив беа и американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден.

Празничната традиција на НОРАД за следење на Дедо Мраз започната 1955-тата година кога едно дете по грешка за јавило во воена команда во државата Колорадо,  и побарало да зборува со Дедо Мраз.

“Топлината од носот на Рудолф остава инфрацрвени белези кои може да ги следиме со нашите сателити и може да знаеме кога тој полетува и да го следиме во текот на летот низ светот. Потоа, кога тој ќе дојде во Северна Америка, го поздравуваме со нашите авиони, му велиме: “Здраво, мило ни е дека те гледаме повторно годинава”. И тој продолжува по својот пат и ги дели подароците” – изјави Престон Шлахтер, раководителот на програмата на НОРАД за следење на Дедо Мраз.