Овие знаци се водат со помислата „Кога кафето ќе олади, нема поента да го загревате повторно, нема веќе да биде вкусно. Исто е и со луѓето.“
Со текот на времето стануваме по мудри и ги преиспитуваме своите односи со луѓето кои не опкружуваат. Понекогаш доаѓаме во ситуација кога мораме да прекинеме пријателство, да направиме подобрување на сопствениот живот. Тоа мора да биде наш свесен избор. Еве кои знаци од зодијакот воопшто немаат нерви да трпат токсични луѓе во својот живот, тие едноставно ги блокираат и продолжуваат понатаму.
Овен
Овенот не го задржува она што му е непотребно во животот. Доколку сте го повредиле многу или сте го предале, вие за него сте буквално мртви. Овој знак едноставно нема да губи повеќе време да ги дознае причините нити да размислува за тоа да ви пружи уште една шанса. Штом ја направите првата голема грешка, Овенот засекогаш ќе ве исфрли од својот живот.
Бик
За разлика од Овенот, Бикот ќе ви посвети внимание и време и ќе одлучи како ќе се развиваат односите и пријателството понатаму. Доколку не одлучи во ваша корист, Бикот нема многу да се премислува туку едноставно ќе продолжи понатаму со леснотија.
Лав
Лавот има склоност да исфрла луѓе од својот живот туку така, но само поради тоа што го навредиле, туку и поради тоа што сака да биде сам. Лавот воопшто не сака да повреди некого со таја постапка. Овој знак сака да биде меѓу првите па упорно тежнее да се искачи на врвот. Доколку поради тоа мора да исфрли некои луѓе од својот живот, ќе го направи истото без да се двоуми.