– Денес времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот на некои места повремено ќе засилува на интензитет, додека во западните предели ќе има повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени-вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје денес времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени. Потоа во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Според Попоски, повеќе врнежи ќе има утре и тоа особено во западните предели. Исто така во текот на утрешниот ден ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите во текот на следните денови ќе бидат натпросечни и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
НАПОМЕНА: Поради јужното воздушно струење и високите и натпросечни температури на воздухот, во следниот период се очекува топење на снежната покривка на планинските места.