По 19 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

|

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.

На овој начин тие на уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Македонија.

Ова е настан кој освен кај нас се случува и во повеќе држави во светот, бидејќи во изминативе години стана вистински хит, но е нешто кое е многу интересно да се види.