Возач „влетал“ во кафеана во Македонска Каменица

|

Пи јан возач „влетал“ во кафеана на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Очевидци на настанот велат дека ова е четврти пат како возачи на овој начин „влетуваат“ во оваа кафеана на влезот во градот.

– За жал често се случува поради пи* анство да сме сведоци на немил настан. Кафеаната е на самиот влез на градот и возачите наместо да возат внимателно, во доцните вечерни часови го прават спротивното, а резултат е уништување на кафеаната кое се случува по четврти пат, велат очевидци.

Настанот кој се случил рано утринава го потврдија од полицијата, од каде информираа дека кај возачот е регистрирано недозволена количина ал*о хол во крвта, но за среќа не се регистрирани пов редени лица.

Против возачот покрај првичната парична казна, најавен е соодветен поднесок за причинување материјална штета.