За време на зимата и празниците, телото наталожува непотребни материи, а еден од најдобрите начини за да го ревитализирате и освежите вашиот организам е оваа зимска лимонада. Со помош на лимон и јаглен, телото ќе се прочисти од маснотиите и то* сините.
Потребни состојки: 1 литар филтрирана или изворска вода, 60 милилитри свежо исцеден лимон и 1/4 лажичка активен јаглен (една таблета).
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки и ако имате желба за посилен вкус, додајте повеќе лимон. Пијалакот се служи ладен.
Зошто црната лимонада е совршена за вас?
Главната состојка е токму онаа поради која оваа лимонада се нарекува чуд*творна.
Станува збор за активниот јаглен што нема вкус, но многу е здрав, бидејќи има способност да ги исфрли сите штетни состојки од телото, на тој начин намалувајќи ја подуеноста. Исто така експертите го нагласуваат и фактот што активниот јаглен има неверојатна моќ при намалувањето на холестеролот. Тој исто така е одличен и за подмладување на кожата.