Ако упорно бирате погрешни луѓе за љубовни партнери или пријатели, време е да погледнете во ѕвездите. Овните оддржуваат чиста енергија на животот, страствени се и силни. Кога еднаш ќе ги запознаете веќе никогаш нема да сакате да си одат од вашиот живот. Еве 5 причини зошто во својот живот би требало да познавате барем еден Овен:
1. Овните се авантуристи. 2. Зрачат со позитивна енергија. 3. Се оптимисти. 4. Никогаш нема да ве изневерат. 5. Искрени се.
Општи карактеристики за овен
Овенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот.
Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба.
Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение.