Пензионерите од следниот месец повторно ќе можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП во вторник, петок, сабота и недела, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која ја донесе одлука мерка која беше укината поради панде*ијата повторно да биде вратена.
За да се реализира бесплатниот превоз на пензионерите од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“.
Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието со цел да се воведе бесплатниот превоз е на дневен ред за гласање на седницата на Советот на Град Скопје во среда. Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела недела и за редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети, мерка која и досега беше на сила.
Инаку, Арсовска на локалните избори вети дека бесплатен превоз во автобусите на ЈСП ќе добијат сите граѓани, но неодамна објасни дека ова ветување не може да се реализира во наредните две години, односно дека мора да се оди етапно, затоа што инаку нема да имаме корист од него.
ЈСП со новиот буџет ќе добие субвенции и поради потешкотии во работењето и исплата на приватните превозници во износ од 4 милиони денари, како и милион евра за функционирање на системот за автоматска локација на возилата (АВЛ).
„Согласно препораките на Меѓународната асоцијација за патен транспорт (ИРУ), како и Меѓународната асоцијација за јавен транспорт (УИТП), Советот на Градот Скопје уште во 2008 година започна да го субвенционира јавното сообраќајно претпријатие. Со цел подобрување на квалитетот на јавниот превоз на поширокото подрачје на Град Скопје, предвидени се 250.000.000 денари за потешкотии во работењето, а согласно на Одлуката за линиски поревоз на патници, средставата кои се наменети за ЈСП ‘Скопје‘ индиректно ќе бидат наменети и за приватните превозници кои го имплементираат концептот исплата по изминат километар“, се вели во образложението на градоначалничката Данела Арсовска.
ЈСП „Скопје“ во 2014 година набави опрема за имплементација на системите за АЛВ и за интелигентна наплата. Овие субвенции се даваат со цел нормално функционирање и редовно одржување на информатичката и компјутерска технологија за потребите на ЈСП „Скопје