На пејачката и е потребна операција за да се најде трајно решение бидејќи постојаното носење перика предизвикува дополнителни проблеми со горниот дел од главата.
Големата фолк ѕвезда Весна Змијанац оди во Турција на трансплантација на коса бидејќи веќе извесно време има проблеми со опаѓањето на косата, која толку и’ станала тенка што мора да носи перики за да изгледа пристојно кога ќе се појави некаде во јавност. Имено, пејачката потрошила дури 8.000 евра на перики, но не го решила проблемот, па решила да се подложи на природен третман за трансплантација на коса, кој е многу успешен во Истанбул.
– Весна прво купи три-четири перики за да го прикрие недостатокот, но, покрај тоа што скапо ги плати најдобрите перики и даде неколку илјади евра за нив, тие не и одговараа. Откако ќе ги носите подолго време, ви ја горат главата и се многу непријатни, без разлика што оставаат пристоен визуелен ефект. Затоа Змијанац се распрашувала за трансплантација на коса, која во Турција се прави многу успешно, дури и за целосно ќелави мажи. Ова се скапи третмани, но пејачката откако долго размислувала и информирала за се, решила да се подложи на нив – открива извор близок на фолкерката и продолжува:
– Во Истанбул има клиника која е специјализирана за овие процедури и сите што заминаа беа задоволни. Така Весна, која потроши многу пари на квалитетни перики поради проблеми со опаѓање на косата, се одлучила на ова трајно решение.
Инаку, пејачката остана доследна на бојата и обликот на фризурата за што помалку да ја забележи разликата помеѓу природната и импровизираната коса.
-Сите се во иста боја, од права коса со шишки, средна должина, која пејачката најмногу ја извртува по потреба, и долга, која најмногу ја носи. Носењето перика отвора различни можности за експериментирање не само со боите, туку и со должината на косата, што е составен дел од имиџот на секој што се занимава со поп-бизнис – заклучува изворот.