Сите ние понекогаш посегнуваме по брзата храна. Таа им е омилена на сите генерации, иако не е баш здрава. За сите обожувачи на хамбургери, погледнете како изгледа најскапиот хамбургер на светот! Ммм, вкусно, но верувале или не, овој хамбургер чини 2.000 долари.
Јутјуберот Фјуриус Пит одлучил да го проба најскапиот хамбургер на светот, но за среќа, ресторанот каде што се подготвува овој сендвич, одлучил да го почести. Пит не знаел што го чека и што ќе содржи хамбургерот што следи. Меѓутоа кога го добил бил воодушевен од тоа што сè имало во овој оброк.
Најскапиот хамбургер на светот се вика „Гламбургер“ и во својот состав содржи: Квалитетно говедско месо, Кавијар, Канадски јастог, Сланина маринирана во јаворов сируп, Италијански тартуфи, Јајце од патка покрено со 24-каратно злато и сендвич-лепче покриено со 24-каратно злато.
Овој хамбургер е скап како злато затоа што буквално има злато на него. Покрај златото што се јаде, тој содржи и други скапоцени состојки како кавијар и тартуфи поради што цената е толку висока.
Пит открил дека вкусот на овој хамбургер е неверојатен, но дека сепак, цената од 2.000 долари е превисока за кое било јадење, а не пак за хамбургер.