Планирано е исклучување: Во следните два дена прекини на струја во центарот, но и во приградски делови

|

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

На ден 28.12.2021 година (вторник):

-од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. 19 и објектите позади Општинската зграда во нас. Илинден. (општина Илинден)

На ден 29.12.2021 година (среда):

-од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од с. Градовци. (Општина Зелениково)


-од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Востаничка, Партениј Зогравски, Црниче, Димитар Беровски, Славејко Арсов и Белградска. (Општина Центар).