Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, наутро и претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини и со слаб ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 7 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во следните два дена ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Повремен локален дожд ќе има во среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и се потопло.
Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.