|
Антија, мајката на овој Елефтериј, во верата ја воведе самиот апостол Павле. Во истата таа вера Антија го воспита и својот син. Уште многу млад, на 15-годишна вораст, тој беше ракоположен за ѓакон, а три години подоцна за презвитер.
На 20 години беше поставен за епископ на Илирија. Св. Елефтериј се покажа достоен за висината на својот чин и гласот за него брзо се рашири на сите страни. За него се слушна и во Рим.
Неговите мошти се чуваат во Рим, во црквата Света Сусана.