Анастасија Ражнатовиќ се уште не зборува за својата венчавка, но многу добро знае која ќе и биде кума кога ќе дојде тој ден.
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ужива во долгогодишна врска со момчето Џорџ Куљиќ, а од јавноста вешто крие детали од емотивниот живот, а она што ја интересира е кога парот ќе ја подигне врската на повисоко ниво.
Иако се уште нема полемики за тој ден, Анастасија веќе одлучила порано, а тоа е која ќе и биде кума и сведок на нивната љубов. И тоа е нејзината другарка од детството и се вика Тара.
“Таа ми е најдобра другарка. Утре кума ќе ми е на свадба. Не ми е тешко да направам ништо за неа. Се знаеме и се дружиме од мојата 12-та година”, изјави Ражнатовиќ.