Хрватска ќе им плаќа на младите 25.000 евра за да се вратат во земјата

|

Владата во Хрватска треба да донесе нови мерки кои се наречени „Ја бирам Хрватска“, со кои се предвидува стимулација од 200.000 куни за повратниците од ЕУ.

Владата ќе им даде пари и на оние кои сакаат да го преселат својот бизнис од поразвиените урбани средини во помалку развиените делови на Хрватска. Според предлогот, тие ќе добијат 150.000 куни (20.000 евра) за самовработување, плус 25.000 куни за преселба.

Хрватските медиуми наведуваат дека овие мерки ќе стапат на сила од 1 јануари 2022 година. Владата на Пленковиќ наводно ќе ги зголеми стимулациите за вработување во зелената и дигиталната индустрија на 150.000 куни.