Наташа Беквалац и Ураганката завршија во „Slagalica“ – Еве што се случи на крајот

ИЗВОРНов Лист
|

Во популарниот квиз „Slagalica“ во последно време често се среќаваат имиња од естрадата, а овојпат тоа беше случај со Наташа Беквалац и Ксенија Кнежевиќ, членка на групата „Ураган“.

Пејачката и ураганката се најдоа во иста епизода од квизот, но во различни игри.

Во играта „Spojnice“ натпреварувачот требало да ги поврзе познатите дами со иницијалите К.К. и нивните главни занимања, а меѓу првите беше Ксенија Кнежевиќ, членка на групата „Ураган“. Секако, натпреварувачката знаела која е и го дала точниот одговор.

За Ксенија ова е голем успех бидејќи одамна не е на естрадата, а се најде рамо до рамо со бројни спортисти и други уметници.

Беквалац се најде во квиз, во играта „Korak po korak“. Првиот чекор што им е даден на натпреварувачите е „Naslov je pesme Nataše Bekvalac“. Речиси до крајот на играта учесниците не можеа да погодат дека се работи за терминот „Mrlja“.

Ќе потсетиме дека пред Ксенија и Наташа во „Слагалица“ имаше и некои други пејачки, меѓу другите Цеца Ражнатовиќ и Ана Николиќ.