Град Скопје од буџетот за 2022-ра година издвои 24 милиони денари за субвенции за купување инвертер клима уреди.
„ Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување на инвертер клима уреди, за разлика од претходните две години, кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства на Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата. Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019-та година кога беа дадени 20 милиони денари“ додаваат од градот.
Сумата која беше издвоена во 2018-та година, како што наведуваат, била уште помала, односно само 10 милиони денари.
„ Во четири години водење на Град Скопје од поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима уреди од пари на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, додека сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари“ додаваат од Град Скопје.