Малиот Петар Ачкоски кој се прослави и стана неверојатен хит со видеото од извидници, во кое ни откри колку многу не го сака грашокот, особено додека планинари и се качува високо низ планините, сега повторно убаво ќе ве насмее.
Имено Петар одговараше на прашања во серијалот “90 секунди” во кој за 90 секунди треба да одговориш на што е можно повеќе брзи прашања или да избереш поомилена работа помеѓу две понудени одговори. Како што веќе дознавме тој е вљубеник во природата и вкусната храна, но грашокот и не му е едно од омилените оброци.
Во изданието „90 секунди“ со Стефонатор, тој открива што би избрал меѓу бургер и бурито, но и дали има друга храна која не ја сака, освен грашокот.
Видеото на социјалните мрежи стана неверојатен хит и ја насмеа цела Македонија. Погледнете: