Неодоливиот боксер Немања: Ова е првото момче на Јелена Карлеуша (ФОТО)

|

Во последниве неколку години на големо се пишува за љубовниот живот на српската пејачка Јелена Карлеуша, особено по аферата со фудбалерот, како и за можниот развод со сопругот Душко. Сепак засега нивниот брак стои на цврсти нозе.

Првото момче на Јелена Карлеуша бил неодоливиот боксер Немања, а како што самата изјави во една пригода, во него се вљубила кога имала само 16 години и долги години биле заедно.

„Мене првата љубов ми се случи на 16-годишна возраст и трае, еве, до денес. Тоа е моето сегашно момче, односно, моето прво момче. Се вика Немања. Тој е спортист и голема поддршка ми е во животот и во работата“, раскажа на времето пејачката.

„Се надевам дека долго време ќе бидеме заедно, како што сме веќе неколку години. Тој многу ми помага и ми дава сатисфакција да продолжам да се занимавам со тоа со што се занимавам. Го сакам многу.“ – вели Карлеуша во видеото.