Љубовен хороскоп за јануари 2022

|

Прочитајте што ни носи љубовниот хороскоп во првиот месец од 2022 година.

Овен

Ако сте во врска, вашиот партнер веројатно од вас ќе очекува да бидете поискрени и поотворено да зборувате за своите емоции. Тие ќе ви бидат поддршка и ќе ви покажат дека немате од што да се плашите. Оставете го минатото онаму кадешто припаѓа, отворете го своето срце за љубов и продолжете напред со убави и позитивни емоции.

Слободните Овни неодамна запознале некого кого го имаат во срцето. Во текот на јануари ќе бидете изненадени како убаво се одвива односот.

Бик

Биковите кои се во врска ќе бидат среќни онаму кај што се и ќе бидат отворени за период на длабока среќа. Но, ако се соочувате со одредена нестабилност во врската, тогаш колку и да се плашите од промените, треба да знаете дека ќе треба да донесете важна одлука.

Слободните Бикови ќе посакаат да се поврзат со личност која е различна од нив, но тоа ќе донесе одредени предизвици. Бидете отворени за нови искуства и не влегувајте во таквиот однос со предрасуди.

Близнаци

Во врската ќе завладее целосна хармонија, а заеднички ќе уживате во магијата на празниците. Конечно се чувствувате како да сте со својата сродна душа и убаво ви е.

Слободните Близнаци ќе посакаат да запловат во љубовен однос со личност која ја познаваат кратко време. Забавно ви е со таа личност, но различни сте. Оставете ги работите да се одвиваат спонтано и видете каде ќе ве однесе тоа.

Рак

Раковите кои се во врска во текот на јануари многу често ќе слушаат колку се сакани од својот партнер. Тие ќе направат сè за да се чувствувате поддржано и сакано, а ве очекуваат и многу слатки изненадувања. Слободните Ракови покажуваат малку интерес за романтични средби. Повеќе ве интересираат дружењата со пријателите и времето поминато со семејството, но ако се појави интересна личност, отворете го срцето кон неа.

Лав

Лавовите одбиваат да преземат одговорност и да зборуваат за проблемите во врската, а тоа само дополнително го отежнува љубовниот однос. Ако сте слободни, нема да бидете свесни дали станува збор за љубов или пријателство, бидејќи границата ќе биде тенка.

Девица

Девиците кои се во врска или брак ќе чувствуваат како нивниот однос се јакне од ден на ден. Ѕвездите ви носат поддршка во првиот месец на годината, потрудете се само да најдете време за саканата личност. Слободните Девици ги очекува вртоглав период на романса, која ќе биде особено интензивна ако личноста е во истиот знак, Девица. Во тој случај ве очекува долга и успешна врска.

Вага

Личноста на која и се допаѓате се обидува да ви покаже дека љубовта постои само ако имате отворено срце, но вие ги одбивате сите средби. Барате авантура или делувате незаинтересирано и дефокусирано, но грешите во пристапот. Добро би било да им дадете шанса, а потоа да видите дали тоа во вас ќе разбуди некакви емоции.

Вагите кои се во врска успешно комуницираат и јануари им носи вистинска зимска љубовна идила.

Шкорпија

За слободните Шкорпии, јануари носи искушенија. Можно е да имате дилеми околу повеќе личности, но и генерално ќе имате страв да влезете во било каков посериозен однос. Одете чекор по чекор и бидете искрени и отворени кон оние кои барем малку ви се допаѓаат. Шкорпиите кои се во врска која е стабилна и силна се среќни покрај саканата личност и ништо друго не им е потребно.

Стрелец

Стрелците кои се во врска треба да бидат авантуристи и да ја зачинат својата врска. Не одбивајте одговорност бидејќи тоа може да го наруши односот со саканата личност. Јануари носи среќа за слободните Стрелци и им најавува денови исполнети со радост и убава енергија. Флертот и новите познанства ќе ви го стоплат срцето.

Јарец

Зафатените Јарци ќе имаат мирен јануари, но ако се нерасположени можни се несогласувања кои ќе бидат резултат на нивното лошо расположение. Најголемиот проблем е што не сакате да слушате туѓи мислења и совети и вие мислите дека знаете најдобро. Слободните Јарци ги очекува судбоносна средба, но не треба да брзаат, туку да одат чекор по чекор и да уживаат во магијата на љубовните состаноци и запознавањето.

Водолија

Во првиот дел од јануари, некои Водолии ќе чувствуваат незадоволство што ќе се одрази на нивниот љубовен однос. Ова може да донесе до преиспитување на животните приоритети, вредности и цели. Некои претставници на овој знак ќе се одлучат и да го променат својот животен стил, но ќе им биде потребна поддршка од саканата личност. Оние кои се слободни пак ќе бидат ориентирани кон себеси и нема да ги интересираат пораките кои ги добиваат од своите додворувачи.

Риби

Во јануари ви се наклонети ѕвездите и ќе имате среќа во љубовта. Покажете ја својата сила, но и внесете новини во својата врска. Тоа ќе ви дојде одлично. Ако сте сами, ќе уживате во романтични мигови со една посебна личност, но колку брзо ќе се развива односот и каде ќе води, зависи само од вас.