Дуќанџиите во Охрид бараат за нив да не важат одредбите од „недела неработен ден“

|

Воведувањето недела да биде неработен ден ги вознемири охридските дуќанџии. Тие бараат иземање на Охрид како туристички центар од законот кој на сила стапува од првиот викенд во новата година, бидејќи како што велат тоа ќе предизвика сериозни штети на локалната економија и туризмот со оглед на тоа што најголемиот број туристи градот го посетуваат токму за викендите.

Дуќанџиите посочуваат дека Охрид не смее да биде затворен во недела, и се загрижени за опстанокот на нивните ионака погодени бизниси во пандемијата.

Трговците најавија дека овој викенд нема да ги затворат своите дуќани и за тоа ќе ги известат сите надлежни органи и инспекции а побараа поддршка за своите барања од советот на Град Охрид, Градоначалникот и пратениците од Охрид.