Пејачката Лепа Брена неодамна беше снимена во непрепознатливо издание.
Имено, екипата на шоуто „Папарацо лов“ ја фати пејачката како ги извршува своите вообичаени секојдневни активности, но минувачите не ја препознаа под неколку слоеви зимска облека.
Таа пред неколку дена пазарела за семејниот дом и за претстојните празници.
Брена сама се возела до продавница за мебел и бела техника, каде купила нов апарат за кафе.
Потоа се упатила до супермаркетот, од каде излегла со полни раце торби, кои потоа ги натоварила во багажникот.
Брена беше облечена во беж панталони, син џемпер, зимска јакна, чизми, капа и шал, а многумина на улицата не сфатија дека поминува една од најголемите балкански ѕвезди.