Доаѓањето на Новата Година секогаш остава измешани чувства и спомени во секој од нас. Некој ја изживеал годината на својот живот и едвај чека наредната да биде уште подобра. Некој пак, ја немал таа среќа и изминатава година ја поминал од една борба во друга. Рестартирањето на календарот секогаш носи надеж за подобро утре, каде што раните кои сеуште болат полека ќе ги зафати процесот на лечење.
Без разлика дали ја имавте најдобрата година или со нетрпение очекувате да заврши, постои само една вистина. Не сте сами. Никогаш. Бог е секогаш со нас. Во славје и во тага, тој секогаш има моќ да ни овозможи нов почеток. Бог е со нас. Луѓето и нештата околу нас секогаш се менуваат, но Бог останува засекогаш.
Драг Боже,Ти благодариме што секогаш ги правиш нештата нови. Ти благодариме за се што ни овозможи оваа измината година, сите добри и тешки моменти кои само не потсетуваа колку многу се потпираме на твоето присуство во секој поминат ден.Се молиме твојот Дух да биде со нас и да не води во секој чекор од оваа Нова година. Те молиме да не водиш во нашите одлуки и секогаш да бидеш во нашето срце над сѐ. Те молиме да ни ги отвориш вратите кои треба да бидат отворени, како и да ни ги затвориш оние кои треба да бидат цврсто запечатени. Те молиме да ни помогнеш да се откажеме од сите нешта за кои веќе ни кажа “не”, “не сеуште” или “почекај”. Бараме помош, секогаш да те бараме прво Тебе, над сите соништа и желби во нашите срца.
Ја бараме твојата мудрост, твојата сила и моќ да бидат секогаш присутни во нас. Се молиме дека ќе ни помогнеш да бидеме силни и храбри за патиштата кои се пред нас. Дај ни сила поголема од онаа за која се чувствуваме спремни, пушти ги твоите дарови слободно низ нас, за да бидеш возвишен во нашите живот.
Се молиме да не држиш што подалеку од сите замки на искушението. Дека ќе ни шепотиш во уво секогаш кога треба да се повлечеме, а дека ќе ни шепотиш во нашите срца секогаш кога треба силно да ги браниме нашите позиции.
Се молиме да ги заштитиш нашите семејства и пријатели. Се молиме твојата рака секогаш да биде над нас и да не заштити од сите зли намерни на непријателот: дека ќе бидеш оклоп околу нас, дека ќе се чувствуваме сигурно во твоите раце. Се надеваме дека ќе ни дадеш мудрост поголема од нас самите, да ја разбираме волјата Твоја, да го слушаме гласот Твој и да ги разбираме Твојот пат. Се молиме да ни помогнеш да газиме цврсто на земја, да ни помогнеш да бидеме верни и упорни. Дај ни натчовечка издржливост да го задржиме правецот, без да скршнуваме лево или десно или да бидеме лесно замаени од сите нешта што не оттргаат од од твојот пат.
Прости ни за сите пати кога упорно работевме да бидеме доволни самите за себе, заборавајќи ја потребата од тебе, живеејќи независно од твојот Дух. Прости ни што дозволивме стравот и грижата да ни управуваат со умот и што дозволивме гордоста и себичноста да ни направат немир во животот. Прости ни што не го следевме патот Твој и што живеевме далеку од твоето присуство. Се исповедаме со потребата да направиме се од почеток, од ново, во нашите срца, во нашиот ум, во нашите животи, во оваа година што е пред нас. Се молиме да ни го овозможиш тоа.
Зборовите на вистината всади ги длабоко во нас, помогни ни да останеме фокусирани на она што е чисто и исправно, дај ни моќ да бидеме послушни на твојот збор. И кога непријателот ќе не потсети каде сме биле, сеејќи лаги и напади на нашиот пат, веруваме дека твојот глас се слуша посилно, додека не потсетува дека сме безбедни со тебе и твоите планови нема да пропаднат. Бараме од тебе да бидеш наш штит, нашиот пат да биде чист и без пречки. Драг боже, води не по твојот пат.
Се молиме да бидеш со нас, да го просветлуваш нашиот пат, дека ќе ни помогнеш да успееме и да го направиме секој план кој го имаш всадено во нашето срце реалност. Се надеваме дека другите ќе го приметат твоето присуство и нема да можат, а да не спомнат дека “некои од нас, навистина се благословени од Бога”. Помогни ни да не знаат како големи дарувачи, помогни ни да бидеме скромни и добри, помогни ни да ги гледаме потребите на другите, а да не бидеме обземени само со нашите. Да бидеме заљубени во вистината, овошките од твојот Дух да бидат секогаш присутни во нашите животи – твојата љубов, среќа, мир, трпение, добрина, верба, нежност и самоконтрола.
Осветли не и нас и патот околу нас. Помогни ни да направиме промена во светот, во твоја слава. Постави ни го патот. Секој Твој план нека биде реалност. Да зрачиме со твојот мир и надеж која толку очајно му е потребна на овој свет.
Нека се свети Твоето име, во оваа Нова година, и засекогаш.