|
Екипата од ТВ серијата „Преспав“ како и секоја година направи специјално новогодишно издание за своите фанови и е подготвена за новогодишната прослава.
Дел од она што го подготвуваат за гледачите го објавија на ЈуТјуб. Јелена од Драчево и рецепционерот Талат направија своја урнебесна изведба на популарната песна „Ајде“ од српската пејачка Теа Таировиќ.
-Ајде, ајде дур сме млади! Ноќва нека гори Балкан! Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан, порачуваат од екипата на „Преспав“.
Новогодишната програма може да ја следите на МРТ со почеток во 21 часот.