Ако има драстично зголемување на цената на парното граѓаните ќе се исклучуваат од централното парно и ќе се создаде негативен ефект, вели претседателот на регулаторна Марко Бислимовски. Поради тоа, тој најавува дека голем скок на цената и до 300%, како што бара БЕГ, нема да има. Компанијата Балкан Енерџи груп до државата достави барање за зголемување на цената на парното во Скопје, бидејќи цената на природниот гас на берзите била за шест пати повисока.
„По цена на берзите изнесува за жал околу 1.480 долари за метар кубен тоа е набавка која ќе се реализира месец јануари, за речиси 6 пати повисоко од тоа што го имавме во просек во цела 2021, а тоа беше 240 долари за метар кубен…“
Од Владата велат дека сè уште е рано за било какви интервенции.
„Деновиве веќе треба да се знае по која цена е обезбедена количината на гас потребна за нашата држава за во наредниот период. Преговорите сѐ уште не се завршени.“
Веќе неколку месеци во Европа снабдувањето со енергенси се претвори во вистинска битка меѓу руски „Гаспром“ и американските производители на течен нафтен гас. Цената на енергенсот урива рекорди, па во еден момент достигнаа до 2.100 долари за илјада кубни метри гас. Цената почна да се намалува откако големи количини американски течен гас почна да пристигнува со танкери во Европа. Но, целосното снабдување со гас во Македонија зависи од рускиот гас кој доаѓа преку гасоводот од Бугарија.
Извор: Алсат М